Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Од:

Претставници на САД и Русија се состанувале во Швајцарија на неформални разговори за војната во Украина во последните месеци, последниот минатата недела, изјавија три извори за Ројтерс.

Иако учесниците во овие разговори имаат искуство во дипломатската и безбедносната сфера, тие не се владини претставници и засега не е јасно дали се испратени од влади, велат два анонимни извори.

Тие ги опишаа разговорите како спореден канал со контакти воспоставени во периодот на транзицијата на власта, по победата на американскиот претседател Доналд Трамп на изборите на 5 ноември.

Најмалку неколку советници на Трамп знаат за овие разговори, изјави еден од изворите, директно инволвиран во работата.

Други детали за овие средби не се познати, вклучително и дали имало Украинци, кога точно почнале состаноците и кои биле темите.

Овие досега необјавени состаноци се показател за напорите зад сцената на САД и Русија да ги истражат начините за ставање крај на војната во Украина и покрај речиси замрзнувањето на официјалните контакти во времето на претходникот на Трамп, поранешниот претседател Џо Бајден.

Трамп, кој на на функцијата е само еден месец, го смени американскиот пристап кон тригодишниот конфликт во Украина иницирајќи разговори директно со рускиот претседател Владимир Путин.

Високи американски претставници во вторникот се состанаа со руски официјални претставници во Саудиска Арабија, вклучувајќи го и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Швајцарското Министерство за надворешни работи за Ројтерс изјави дека е информирано за разговорите што се одржуваат во Швајцарија.

„Овие активности помагаат во поддршката на дипломатските напори поврзани со конфликтот“, соопшти Министерството.

Два извори рекоа дека најмалку една средба се одржала минатата недела во Женева, во времето на Минхенската безбедносна конференција.

Би можело да ве интересира

Унгарски ловци пресретнаа пет руски воени авиони како дел од мисијата на НАТО

Лавров: НАТО и ЕУ се во војна со Русија

Поранешен висок функционер e пронајдено мртов во Москва

Горан Наумовски

Руте: Америка ја снабдува Украина со оружје, сојузниците плаќаат

(ВИДЕО) Зеленски: Официјалните лица на Кремљ ќе треба да знаат каде се засолништата од бомбардери

Медведев се закани со нуклеарно оружје и го нарече Зеленски зависник и изрод