Кремљ повторно се огласи за преговорите

Од:

Кремљ дополнително го коментираше телефонскиот разговор меѓу актуелниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела, што предизвика серија дипломатски активности поврзани со војната во Украина.

Портпаролот на рускиот претседател денеска рече дека повикот значи дека Русија и САД сега ќе разговараат за мир, а не за војна.

„Ова е силен сигнал дека сега ќе се обидеме да ги решиме проблемите преку дијалог“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков додаде дека западните санкции нема да ги попречат разговорите меѓу Русија и САД, сугерирајќи дека тие би можеле да бидат „отстранети толку брзо колку што беа наметнати“.

Деталите од тој разговор не се целосно откриени, но украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека е вознемирен од сознанието дека Трамп го упатил првиот повик до Москва, а не со Киев.

Би можело да ве интересира

Енергетски притисок кон Русија: Америка воведува 500 отсто царини на руска нафта и гас

Кларк: Дипломатијата е единствениот пат за решавање на прашањето за Гренланд

Голем пресврт во надворешната политика: САД излегуваат од 66 организации

Протестите во Иран под лупа: Трамп најавува „силен удар“ ако има жртви

Ердоган: Само Турција може директно да преговара со Путин и Зеленски

Трамп тврди: Кубанската власт само што не падна