Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон свика вонреден состанок на лидерите на Европската унија во понеделник во Париз, сето тоа како одговор на најновите случувања поврзани со мировните преговори за Украина.

Оваа информација за Политико ја потврди полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски за време на говорот на Минхенската безбедносна конференција.

„Многу ми е драго што претседателот Макрон ги покани нашите лидери во Париз. Очекувам европските лидери да разговараат за предизвиците што ги поставува Доналд Трамп на многу сериозен начин“, рече Сикорски.

Тој истакна дека Трамп има посебен метод на дејствување.

„Русите тоа го нарекуваат „извидување преку борба“ – извидување преку битка. Вие туркате и гледате што ќе се случи, а потоа ја менувате вашата позиција. Мораме да одговориме“, рече полскиот министер.

Не е јасно дали на состанокот ќе бидат вклучени сите лидери на ЕУ или само помала група земји и дали ќе бидат поканети и други европски лидери како британскиот премиер Кир Стармер.

На оваа средба Полска треба да ја претставува премиерот Доналд Туск.

Би можело да ве интересира

Унгарија формира „сојуз на скептици“ кон Украина

ЕУ ја повикува Кина да помогне во завршувањето на војната во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Имаме нукалеарна подморница до нивниот брег, Трамп му одговори на Путин за „летечкиот Чернобил“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем украински напад на Москва со дронови

Катерина Ѓуровски

Уапсени двајца од четиричлената група крадци од Лувр

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Путин го тестираше новото руско оружје