Полицијата во Молдавија уапсила три лица поврзани со руската паравоена група Вагнер и извршила претреси на повеќе од 50 локации, соопшти денеска Европол.
Операцијата на молдавските и украинските власти, поддржана од Европол, насочена кон лица осомничени дека учествувале во војната против Украина како платеници на групата Вагнер, се вели во соопштението.
Во истрагата, предводена од украинската полиција, беше вклучено и украинското Врховно обвинителство, како и молдавската полиција и Обвинителството за борба против организираниот криминал и специјалните случаи на Молдавија.