Осум лица се уапсени во Шпанија, вклучувајќи двајца осомничени водачи на групата, кои организирале шверц на кубански државјани во Шпанија преку регионот на Западен Балкан, а се осомничени и за измама со документи и перење пари, објави денес Европол.
Криминалната мрежа, искористувајќи го безвизниот режим меѓу Куба и Србија до април 2023 година, организирала шверц на кубански државјани во Европа преку Србија, а била разбиена од страна на Шпанската национална полиција Европол и Дирекцијата за криминална полиција на Република Србија (Дирекција за кривична полиција). Криминалната организација, која работи од Шпанија и Србија, наводно е вклучена и во измама со документи и перење пари.
Како што се наведува, криминалната мрежа им нудела на мигрантите „патнички пакет“ кој вклучувал авионски билети, покани, здравствено осигурување и хотелски резервации за да симулира легално патување.
