Ројтерс: ОАЕ се нудат да бидат домаќини на разговори за ставање крај на војната во Украина

Од:

Обединетите Арапски Емирати ги информираа Соединетите Држави дека сакаат да бидат домаќини на разговори за ставање крај на војната во Украина, кои на крајот би можеле да опфатат мировен состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави денеска Ројтерс, цитирајќи пет извори запознаени со ова прашање.

Извори на британската агенција наведуваат дека ОАЕ „сесрдно се обврзале да играат клучна улога во обидот да посредуваат за одржување мировни преговори меѓу Русија и Украина“.

Според тројца од изворите, од САД и ОАЕ, претставници на ОАЕ му предложиле на Вашингтон земјата да биде домаќин на „мировен самит“, а двајца од нив рекле дека таков самит на крајот би можел да вклучи и средба меѓу Путин и Зеленски.

Би можело да ве интересира

Евтината енергија е единствениот спас: АфД и Путин договараат средба

(ВИДЕО) Путин има порака за Европа: Оставете не да живееме мирно, инаку ќе реагираме

ВИДЕО: Путин гласаше онлајн на руските избори, снимката стана хит

Закана од клучниот човек на Путин: „Варшава може да ја снема за 2-3 дена“

Катерина Ѓуровски

Трамп: „Зеленски, престани“

Кушнер: Може да има мир ако Украина исполни еден услов