Кампања на Mozzart „Повеќе од гол” – Филип Кузмановски ја намени донацијата за Детската клиника во Скопје

Од:

Лидерот во приредување игри на среќа, не престанува со реализација на добри дела и се повеќе ја зацврстува лидерската позиција во хуманост.

Една од поголемите хуманитарни акции кои ги организира и реализира Mozzart е кампањата „Повеќе од гол” каде компанијата овојпат донираше по 5000 денари за секој погодок на македонската ракометна репрезентација на СП 2025.

Годинава нашите ракометари постигнаа вкупно 181 погодок, со што собрани беа 905.000 денари.

Амбасадор на кампањата е капитенот на македонската репрезентација Филип Кузмановски кој одлучи средствата да бидат донирани во Детската клиника во Скопје, односно во Одделот за цистична фиброза.

„Среќен сум што имав можност да бидам дел од оваа кампања чија главна цел е хуманост. Без размислување одлучив средствата да бидат донирани на детската клиника, во Одделот за цистична фиброза. Се надевам дека оваа донација ќе им биде од големо значење”, изјави Филип Кузмановски.

Најголемото задоволство и благодарност дојде од директорот и вработените во Одделот за цистична фиброза.

„ Благодарност до македонските ракометари, компанијата Mozzart и капитенот Филип Кузмановски за средствата кои ќе ги донираат на Одделот за цистична фиброза, со што ќе добиеме соба за физикална терапија. Се надеваме дека и во иднина со вакви донации ќе продолжат да ги топлат нашите срца” , изјави Доц. д-р Валентина Цвејоска Чолаковска, Раководител на Одделот за цистична фиброза.

Традиционалната кампањата „Повеќе од гол” ќе овозможи Одделот за цистична фиброза на Детската клиника во Скопје да добие целосно нова и опремена просторија за физикална терапија.

 

„Со задоволство помагаме на докторите и пациентите. Нивната искрена среќа и благодарност нема цена. Токму затоа продолжуваме да чекориме по истиот пат и во иднина. Хуманоста била и ќе остане заштитен знак на Mozzart” , изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Кампањата „Повеќе од гол” се реализира трета година по ред. Благодарение на оваа хуманитарна акција, Mozzart до сега помогна за лекување на малолетно дете, реконструиран беше дневниот центар за деца со посебни потреби во Крушево, а годинава Одделот за цистична фиброза ќе ја добие долгопосакуваната просторија за физикална терапија. Реализацијата на хуманитарни акции продолжува и натаму.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Да ги запознаеме ретките болести: Mozzart со поддршка на кампањата и Здружението „Ретко е да си редок“

Тимска хуманост на СП: Mozzart и ракометарите собраа 905.000 денари

Нов лик за спортскиот комплекс во Аеродром – Вредна донација од Mozzart за општината

Непобедливите споија екологија,спорт и рекреација – Mozzart повторно ја поддржа трката “ОЦР Кучково 2024”

Катерина Ѓуровски

Шaмпионите поддржуваат шампиони: Историски успех на Даниела Алексовска и Mozzart на Европското ММА Првенство

Младите кошаркари по стапките на големиот Жељко Ребрача – Mozzart поддржа уште еден спортски настан