Mozzart ја дарува добрината – Банка за храна обезбеди прехрамбени поризводи за Порака Неготино благодарение на „Театарот на хуманоста“

Од:

Кога уметноста станува мост кон добрината, се раѓаат моменти што не избледуваат – моменти што оставаат трага во срцата.

Проектот „Театар на хуманоста“ уште еднаш покажа дека културата не е само забава, туку сила што може да менува животи.

Собраната донација од претставите беше предадена на Банка за храна, која обезбеди прехранбени производи за Порака Неготино. Таму, помошта стигна до луѓето што со трепет ја очекуваа – до оние за кои секој гест е искра што го разгорува пламенот на надежта.

Компанијата Mozzart повторно докажа дека е секогаш тука кога е најпотребно. „Нашата мисија е јасна – да ја поддржиме заедницата, да го поттикнеме духот на добрина и да донесеме светлина таму каде што најмногу недостига”, истакна Ивана Стефановска Крстевска.

Од Порака Неготино упатија голема благодарност за донацијата, нагласувајќи дека секој чин на солидарност е повеќе од помош – тоа е охрабрување, тоа е љубов, тоа е надеж.

А „Театарот на хуманоста“ не запира – следуваат нови претстави, нови насмевки и нови дела на добрина. Зашто кога културата и хуманоста се спојат, светот станува место исполнето со светлина, љубов и вера во подобро утре.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Вистинската победа е во контролата – Mozzart ја потврдува својата општествена одговорност

Уметност и хуманост во едно: Mozzart дели бесплатни карти za „Олд Сејбрук“

А1он

Секогаш држи се до планот – Одговорната игра е твојата најдобра шанса

А1он

Со голема донација во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, Mozzart ја заокружува својата приказна на хуманост за 2025 година

А1он

Трета година по ред: Mozzart ги израдува децата на своите вработени со ранчиња и училиштен прибор

Горан Наумовски

Фудбалот е повеќе од игра – Mozzart го отвори вториот мини пич терен во Велес