ВИДЕО: Откриена причината за фаталната несреќа на хеликоптерот и авионот над Вашингтон

Од:

Имало „некаков проблем со височината“ кога минатиот месец хеликоптер „Блек Хок“ се судри со патнички авион во близина на националниот аеродром Роналд Реган во Вашингтон при што загинаа 67 лица, изјави синоќа за „Фокс њуз“ американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет. Тоа беше најсмртоносната воздушна несреќа во САД во повеќе од 20 години.

Истражувачите на Националниот одбор за безбедност на транспортот утврдија дека авионот CRJ700 бил на височина од 300 стапки, со минимални отстапувања, во моментот на ударот, изјавија официјални лица претходно.

Ова сугерира дека воениот хеликоптер летал над 61 метар (200 стапки), максималната височина за рутата што ја користел. Пред неколку дена, претседателот Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“ напиша дека „хеликоптерот Блекхок летал превисоко, премногу високо. Далеку над границата од 200 метри“.

Соборениот Блек Хок бил дел од единицата за евакуација на американските службеници.

Би можело да ве интересира

Стјуардеса од Белград e тешко повредена во авионската несреќа во Торонто

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

ВИДЕО: Повторно се урна авион во САД, нема преживеани

Катерина Ѓуровски

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“