Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Од:

Кина се противи на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за насилно раселување на Палестинците од Појасот Газа и се залага за решение со две држави, Палестина и Израел, како одговор за постигнување траен мир на Блискиот Исток, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан.

„Се надеваме дека сите релевантни страни ќе го прифатат прекинот на огнот во Газа и повоената администрација како можност за враќање на палестинското прашање на вистинскиот пат на политичко решение засновано на решение со две држави, со цел да се постигне траен мир на Блискиот Исток“, рече Лин.

Тој нагласи дека Кина верува дека „Палестинците треба да управуваат со Палестина“, што, како што рече, треба да биде основниот принцип за повоена Газа, пишува „Глобал тајмс“.

Трамп предложи Палестинците да се преселат од Појасот Газа во Египет и Јордан, што тие земји го одбија.

Тој додаде дека САД ќе го „преземат“ Појасот Газа, опишувајќи ја неговата визија за областа како нова „ривиера на Блискиот Исток“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп го одби планот, Иран повикува на дипломатија

Колапс на системот: Кина итно побара од САД да престанат

Трамп го пречека Си во Вашингтон: Почна историската средба

Предраг Петровиќ

„Голем скандал“ ја тресе Америка: Кина дошла до чувствителна технологија од ловецот F-35

Судија му нареди на Трамп да ги врати CNN и Politico во Белата куќа

Катерина Ѓуровски