Ахмети: Рамковниот договор ќе биде исполнет кога албанскиот ќе стане втор официјален јазик во Македонија

Од:

Лидерот на владејачката партија Демократска унија за интеграција Али Ахмети денеска пред дипломатите од земјите-членки на Европската унија во Брисел во рамки на конференција организирана од невладината Центар за европски политики (ЦЕПС), порачал дека Рамковниот договор во Македонија целосно ќе биде исполнет кога албанскиот ќе стане втор официјален јазик во државата.

Како што јавува дописникот на МИА, на оваа средба која изобилувала со темата за наметнатиот спор за нашето уставно име од страна на Грција и македонските евроинтеграции, Ахмети, кој присуствуваше заедно со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, порачал дека патот на Македонија кон ЕУ и НАТО има голема поддршка кај албанската заедница во нашата земја, но дека поради нерешениот спор за името, Македонија не може да напредува. Поради тоа, тој уште еднаш порачал дека е потребно да се најде компромис за ова прашање.

Во рамки на неговиот денешен престој во Брисел, Ахмети имал и неколку билатерални средби со официјални лица од ЕУ и НАТО, меѓу кои и со Питер Фејт и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче