42-годишен маж од Кавадарци ја задави својата партнерка

Од:

Полициски службеници вчера го уапсија И.П.(42) од Кавадарци. Тој се сомничи дека на 22.1.2025 во нејзиниот дом со гушење ја убил неговата партнерка С.С.С.(52) од Кавадарци.

Починатата беше пронајдена од нејзината ќерка Д.Т., која веднаш го пријавила настанот во полициска станица.

„По преземени мерки од полициски службеници обезбедени се докази и дојдено е до сознание дека И.П. го сторил делото. ОВР Кавадарци против него поднесе кривична пријава за убиство, а судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци му определи мерка притвор од 30 дена и И.П. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката притвор“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Француски турист убиен во Ксамил поради наводна кавга за девојка

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски