Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

Од:

На автопатот Табановце- Куманово, полициски службеници го уапсиле Д.И.Х.(44) од Република Турција, со привремен престој во Македонија. При контрола во возилото „опел вектра“ кое го управувал, биле пронајдени две лица од Република Турција, за кои по извршени проверки било утврдено дека илегално влегле во државата.

На наплатна станица Смоквица, полициски службеници го уапсиле Н.Т.(45) од Република Турција, со привремен престој во државата. При контрола на патничко возило „geely atlas pro“ сопственост на рент-а-кар компанија, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод