„Милош Вучевиќ ја водеше Владата на Србија со чест и посветеност. Странците не му ја поставуваа владината агенда, ниту влијаеа на неговите одлуки, а Србите имаа премиер кој знаеше што е Република Српска и дека нема економски успех без слободата на Србија“, рече денеска потпретседателот на српската Влада – Александар Вулин.
Тој истакна дека Вучевиќ ја водел Владата во тешки времиња на кои не можел да влијае.
„Во тоа не му помогнаа многу неговите министри. Жал ми е што поднесе оставка, но ја почитувам неговата одлука како чесен човек, верувам дека тоа не е неговиот последен збор во политиката и се надевам дека ќе продолжиме да се бориме за слободна Србија“ порача Вулин.
Милош Вучевиќ поднесе оставка од премиерската функција на Србија, а Владата сега е во технички мандат.
Ако се суди според Уставот на Србија и Законот за Влада и претседател, сега во оптек се две можности.
Доколку Националното собрание не избере нова влада во рок од 30 дена, претседателот на Републиката е должен да го распушти Народното собрание и да распише избори.