Во Берово најстудено, најмногу снег на Попова Шапка

Од:

Во Берово утрово е измерена најниска температура од -4 степени, соопшти УХМР.

Следат Битола и Прилеп со -3, -2 во Струмица, Тетово и Штип, -1 Крива Паланка, 0 Скопје-Петровец, Охрид, Претор, 1 Демир Капија, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Велес, 2 Виница, Попова Шапка 3 Гевгелија, 4 Маврови Анови и 5 степени во Крушево.

Висината на снежната покривка измерена утрово во 7 часот е 36 см на Попова Шапка, 26 Маврови Анови и 5 см Битола.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди особено на повисоките места и планините, а по котлините магливо.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14 степени, во Пелагонија до некој степен над нулата.

Во Скопје променливо облачно, магливо и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Поради врнежи од снег, забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево

Горан Наумовски

Слаб снег на планинските превои

За викендов дожд и повремено снег