Заев: Дождот ја спаси Струмица

Од:

Пет повредени од пожарот во Струмица се во тешка состојба, пренесени се во Скопје во градската болница и имаат опекотини по целото тело. Вкупниот број на повредени е 14, од нив 7 се деца, кои од дестка забава и љубопитност се нашле на местото на пожарите.

Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, вечерва за А1 изјави дека дождот, кој изобилно паѓаше ја спаси Струмица. Дождот инаку со силниот оган предизвикал силна експлозија, и целосно ги проголтал телата.

Заев вели дека целосно е изгаснат огнот, веќе нема ниту жар, но дека внимателно ја следат состојбата. Огнот се заканувал и на околните куќи, бидејќи се доближил на 20-тина метри. Инаку двата пожара се подметнати.

Градоначалникот вели дека имало добра соработка на локалната и на централната власт, за да не дојде до најлошото, и огнената стихија да предизвика, уште поголема катастрофа.

Цела Струмица, вели Заев за А1, се моли за спас на нивните сограѓани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во болница во Хамбург, тројца мртви, повеќе од 50 повредени

Пламна пожар во семејна куќа од Ниш, шестмина повредени меѓу нив и деца

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во болница во Британија, евакуирани се бремени жени

Пожар избувна во хотел во Фиренца, гостите се евакуирани

Момче загина во пожар во Англија, уапсени се 14 деца

Скопјанец подметна пожар во куќа и стан каде што живее неговата сопруга со нивниот син

Горан Наумовски