Уапсени три лица во врска со пожарот во старечки дом во Белград

Од:

По наредба на дежурниот јавен обвинител при Вишото јавно обвинителство во Белград, на тројца осомничени им е одреден притвор до 48 часа во врска со пожарот во „Домот за сместување на возрасни и стари лица Ивановиќ“ на Велики Борак во која синоќа загинале осум лица, а седуммина се здобиле со телесни повреди.

Уапсен е одговорниот Г.И. (52), како и А.И. (52) и М.И. (29) поради постоење основи на сомнение дека сториле едно тешко кривично дело против општествената безбедност, за кое се заканува затворска казна од две до 12 години, соопштија од обвинителството.

Осомничените во рок од 48 часа ќе бидат сослушани во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Тргнаа 11 автобуси од Македонија: Поддршка за Србија

А1он

(ВИДЕО) Драма на стрелиште во Белград: Маж се заклучи и се заканува дека ќе се самоубие

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Скандалозно однесување на блокaдерите, нов инцидент во Нови Сад: Постара жена турната

Полицијата уапси двајца возачи кои со своите возила удрија пешаци во Скопје

Горан Наумовски

Се урна авион во близина на Белград, пилотот е извлечен од вода

Во Белград в сабота ќе се одржи хуманитарен концерт во спомен на загинатите во Кочани