Ахмети во Брисел, Париз и Хаг по поддршка за ЕУ и НАТО

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграции Али Ахмети денеска ја почнува официјалната посета во Брисел во пресрет на објавувањето на Извештајот за напредокот на Македонија од ЕУ, на 16 октомври и декмврискиот Самит на Унијата.

Средбите на Ахмети во Брисел, и планираните посети на Париз и Хаг, како што најави ДУИ, е продолжение на комбинираните домашните и меѓународните напори за поттикнување на интегративниот процес на Македонија во НАТО и ЕУ.

По повод средбата во Брисел, Ахмети во Центарот за студии на европските политики ќе организира тркалезна маса за перспективите на Македонија. Ќе се сретне и со европскиот комесар за проширување Штефан Филе, директорот за Европа и Азија во надворешната служба на ЕУ, Луиз Филипе Фернандез Де Ла Пења, политичките советници на претседателот на Советот на ЕУ, Ван Ромпуј, европратениците Едуард Кукан и Ричард Ховит, кој воедно е и известувач за Македонија во Европскиот парламент.

Ахмети од Хаг заминува за Париз. Во Елисејската палата и ќе се сретне со Фабиен Пеноне, советникот  за Балканот при што ќе побара поактивен ангажман на Франција и претседателот Франсо Оланд за решавање на прашањето за името.

Лидетрот на ДУИ ќе ја посети и Холандија, каде што ќе се сретне  со министерот за надворешни работи Франс Тимераман, а ќе има и повеќе други  средби.

По Париз и Хаг, Ахмети ќе се врати повторно во Брисел,  на средба со заменик генералниот секретар на НАТО, Александар Вершбау, со кого ќе разговара за членството  на Македонија во НАТО и потребата за поголем меѓународен ангажман.

Ахмети ќе се сретне и со новоименуваниот генерален директор за проширување Кристијан Даниелсон, кој ќе организира работен ручек за некои постојани претставници на земји-членки на Европската унија во Брисел.

Ахмети ќе биде придружуван од вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и шефот на неговиот Кабинет, Артан Груби.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Следните избори се референдум против изолирана, поделена и корумпирана Македонија

Горан Наумовски

ЕУ подготвува казна за Израел

ДУИ одбележа 23 години од основањето, Ахмети побара предвремени парламентарни заедно со локалните избори

А1он

Министрите на НАТО се согласија за најголемата програма за оружје од Студената војна

А1он

Орбан: Повеќето Европејци се против забрзаниот пристап на Украина во ЕУ

Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да воведе санкции против Русија истовремено со САД