Американскиот претседател Џо Бајден објави дека Израел и Хамас постигнале договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.
„Денес, по неколкумесечна интензивна дипломатија на САД со Египет и Катар, Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците“, рече Бајден во изјавата.
На прес-конференција, Бајден рече дека елементите на овој договор го вклучуваат она што тој го детализираше во мај 2024 година.
Првата фаза ќе трае шест недели и вклучува „целосен и сеопфатен прекин на огнот, повлекување на израелските сили од сите населени области на Газа и ослободување на голем број заложници кои ги држеше „Хамас“.
-За возврат, Израел ќе ослободи стотици палестински затвореници. „Горд сум што можам да кажам дека Американците ќе бидат дел од таа прва фаза од ослободувањето на заложниците, рече тој.