„Тајмс оф Израел“: Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците

Од:

Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците, пишува „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на американски и арапски претставници.

Се очекува соопштение во наредните часови, изјави арапски функционер за весникот.

Американски функционер исто така изјави за Аксиос дека е постигнат договор за заложници и прекин на огнот во Газа.

Од друга страна, израелски официјален претставник објави дека преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас наишле на пречка во последен момент, што го одложи очекуваното објавување на договор.

Официјалниот претставник рече дека Хамас искажал приговори за договорените аранжмани за коридорот Филаделфија – стратешки појас на земја долж границата на Газа со Египет, објави Асошиетед прес.

Барањата на Хамас се во спротивност со мапите одобрени од израелската влада за време на преговорите, пишува „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на неименуван „висок (израелски) политички извор“.

„Израел силно отфрла каква било промена на овие карти“, рече официјалниот претставник, според АП.

Хамас: Го одобруваме договорот за прекин на огнот
Хамас соопшти дека неговата делегација доставила одобрение за предложениот договор за прекин на огнот до посредниците во Катар и Египет.

Официјален претставник на Хамас рече дека водачот на групата, Калил ал-Хаја, поднел одобрение за договор за прекин на огнот до посредниците во Доха, објавија Ал Џезира Арапски и Скај њуз.

Би-Би-Си, исто така, јавува дека официјален претставник на Хамас рекол дека им рекол на катарските и египетските посредници дека Хамас го одобрил договорот за прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“