На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36

Од:

Најмногу снег во изминатото деноноќие наврна на Попова Шапка 64 сантиметри, во Маврови Анови снежната покривка е 57, во Круешево 36, Дебар 34, Штип 32, Демир Капија 31, Тетово 30, Берово 27, Прилеп 20, Охрид 17, Струмица 15, а во Скопје 11 сантиметри, информира УХМР.

На Попова Шапка утрово е и најстудено 10 степени под нулата, -8 се измерени во Маврови Анови и Крушево, -5 во Берово, -4 во Крива Паланка, Битола, Прилеп, Охрид и Претор, -3 Тетово, Дебар и Виница, -2 во Скопје, Куманово и Штип, -1 во Велес, Кавадарци, Струмица и Демир Капија, а 0 во Гевгелија.

Утринава снег врне во Крива Паланка, Тетово, Штип, Берово, Куманово и Дебар.

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 степени.

Во Скопје претежно облачно и студено со повремен снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 2 степени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Поради врнежи од снег, забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево

Горан Наумовски

Слаб снег на планинските превои

За викендов дожд и повремено снег