Петрушевски: СДС да се охрабри да ја признае својата сервилност кон ДУИ, и за тоа да се извини на граѓаните

Од:

СДС додека беа на власт се правеа слепи при очи и глуви при уши. Едноставно најмногу им одговарало да глумат во филмот – не сме од тука кога станувало збор за нивниот коалициски партнер ДУИ, поточно кога станувало збор за Артан Груби, рече на прес конференцја Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Mногу е јасно дека во СДС биле свесни за сите криминални активности како за скандалот Лотарија, луксузните објекти, потоа приказните на Груби како автомобилот му го дале на заем да го вози и што уште не.

Сите се свесни дека станува збор за криминални активности. И ако тоа е толку очигледно, а и резултираше неодамна со ставање на Груби на црната листа на САД, знаеле и СДС додека беа со нив во коалиција. Цела јавност знаеше за постапките на Груби, медиумите јавуваа секојдневно, а алармиравме и ние како партија и тоа долг период.

Оттука од СДС премолчувале за криминалните активности на Груби, или едноставно кажано го дозволиле неговото криминално делување.

Очигледно, за молчењето од страна на СДС имало причина, има нешто со што Груби ги држел во раце.

Сега за почеток СДС треба да се извини на целата јавност, на сите граѓани за премолчување на овој криминал, за кражбата на народните пари.

СДС треба и да се охрабри, да ја признае својата сервилност кон ДУИ. СДС ова треба да го направи и за себе, за да прекине да биде партија на уценети политичари на кои единствено им се важни само личните и партиските интереси.

Едноставно е, јавноста треба да знае, а СДС треба да го направи првиот чекор да признае и да се извини на граѓаните, рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ги демантираше и нивниот градоначалник од Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага за Ерзмус+

ВМРО-ДПМНЕ: Братот на Диме Велковски се офајди од добиените пари од Еразмус +

Горан Наумовски

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на Зоран Заев и Лидија Димова од Еразмус+, Фрчкоски добил грант вреден 200 илјади евра

Горан Наумовски