Скопје под снег, врнежи во цела Македонија

Од:

Снежното невреме ја зафати целата територија на Македонија, а прогнозата е дека ќе има обилни врнежи од снег во следните два дена проследени со ветер од северен правец, кој ќе услови многу ладно време, голомразица, како и појава на снежни наноси.

Се очекува насекаде да се формира снежна покривка во Македонија, која на планините ќе надмине и 50 сантиметри.

Во Скопје преку ноќта се формира снежна покривка која се очекува да надмине 20 сантиметри.

Температурите речиси насекаде во Македонија ќе бидат под нулата, како во ноќните и утринските часови, така и во текот на денот, само во крајните југоисточни предели температурата ќе биде само за некој степен над нулата преку денот.

Идната неделани се најавени оларни температури кои наутро на многу места ќе се спуштаат до околу -10 степени, а на повеќе места и под -10 степени , а се очеуваат температури дури и до околу, па и под -15 степени и појава на силен мраз насекаде во Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Почина Самка Ибраимовски, долгогодишниот лидер на ПЦЕР и поранешен министер

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво

Облачно со повремени локални врнежи од дожд

А1он

Почина Бранко Радовановиќ – македонското новинарство загуби уште еден свој препознатлив лик