Екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков денеска е постпразнично актуелен во медиумите во земјава.
Причина за тоа не е негов ангажман во политиката или пак бизнисот, туку тој е забележан во Монако, пред луксузен хотел со црвено „ферари“ вредно неколку стотици илјади евра.
Целата снимка е од Инстаграм, каде тој излегува од автомобилот и влегува во хотелот со други гости.
View this post on Instagram
Инаку, Сашо Мијалков е на црната листа на САД од поодамна. Тој доби 24 годишна затворска за делата „Империја“, „Таргет-Тврдина“, „Трезор“ и „Плацови на Водно“.
Од сите дела, одлежа казна само за случајот „Империја“ во кој во спогодба со Јавното обвинителство призна вина и доби тригодишна затворска казна и конфискација на имот.