Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Од:

Најниска температура од -3 степени утрово во земјава е измерена во Берово, соопшти УХМР.

Следат Тетово, Штип и Струмица со -2 , -1 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Битола, Демир Капија и во Кавадарци, 0 степени во Куманово и Велес, 1 Лазарополе и Виница, 2 во Охрид, Дебар, Прилеп и Гевгелија, 3 во Претор, Попова Шапка и 4 степени во Маврови Анови и Крушево.

Висината на снежната покривка измерена во 7 часот на Попова Шапка изнесува 43 см, а 38 см во Маврови Анови.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Би можело да ве интересира

Провејува снег во Маврово и Крушево и на премините Стража и Ѓавато

Од утре до петок врнежи од дожд, на планините снег

Денеска врнежи од дожд, на планините снег

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка