Трамп: Бајден прави се што е во негова моќ да го отежне трансферот на власта

Од:

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека претседателот Џозеф Бајден прави се што е во негова моќ за да му го отежне враќањето во Белата куќа. Трамп обвини дека Бајден донесува апсурдни извршни наредби и одлуки, вклучително и оние од новата зелена агенда, како и други одлуки само да се трошат пари, објави Си-Ен-Ен.

„Не плашете се, сите тие одредби наскоро ќе бидат укинати и ние повторно ќе станеме силна нација на здравиот разум“, порача Трамп.

Трамп претходно во телевизиска емисија изјави дека сегашната администрација зборува за трансфер на власта и дека сакаат тоа да се одвива без проблеми, но всушност прават се за да го отежнат тој процес што е можно повеќе.

Тој исто така рече дека ќе се обиде да ја укине последната одредба донесена од Бајден за трајна забрана за идно дупчење нафта и гас во Атлантикот и Пацификот.

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузираше царините за сите освен за Кина

Горан Наумовски

Трамп: Одлично време е да ја преселите вашата компанија во САД

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

Кина одговори: воведе царини од 84 отсто на стоки од САД

Европската унија спреми прв одговор за Трамп, објавени детали

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Кина никогаш нема да прифати вакво насилничко однесување, реакција на царините од 104 отсто

Катерина Ѓуровски