Левица: Загадување со смртоносни размери – Меџити веднаш да се разреши поради овој геноцид

Од:

Додека Скопје тоне во отровна магла и се наоѓа на врвот на светската листа на најзагадени градови, и оваа Влада, актуелно предводена од ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ, останува парализирана, неспособна и целосно незаинтересирана за животот на сопствениот народ! Ова е повеќе од негрижа – ова е геноцид спроведен со свесно игнорирање на состојбата која секоја година ‘нѐ посетува’ и убива, велат од Левица.

– Вицепремиерот Изет Меџити кој како Министер за животна средина треба да биде најистакнат чувар на нашето здравје и природа – го претвори министерството во свој личен партиски штаб, а функцијата ја обавува исклучиво за промомоција на великоалбански агенди и етно-шовинистички проекти. Во меѓувреме, иладници граѓани умираат од канцерогениот воздух, од хронични болести и компликации поврзани со оваа катастрофа, притоа не познавајќи етничка припадност.

Левица бара веднаш да се прогласи кризна состојба и да се започне со масовна акција за борба против аерозагадувањето! Мобилизација на комуналните инспектори, редари и инспектори за животната средина, да ги лоцираат и санкционираат причнителите за оваа катастрофа; Затворање на најголемите загадувачи и спроведување на вонредни, транспарентни инспекциски надзори низ индустриските капацитети; Централните, градските и локалните органи веднаш да преземат мерки за расчистување на сите диви депонии; Ослободување од работа на сите ранливи категории, хронично болни, бремени жени и работници нужно изложени на овој токсичен воздух.

Сепак, со владејачки гарнитури докажано склони на коруптивни практики, воопшто не нѐ чуди зошто и покрај сите статистики на смртност поради аерозагадувањето, и покрај општопознатиот факт дека овој период секоја година нѐ носи до европските и светските врвови на загаденост – упорно не се презема ниту една превентивна мерка, ниту пак некој од јавно познатите, очевидни, загадувачи одговарал за овој геноцид, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Исмаил: Наместо за работниците, парите одат во профит

Левица: Владата на ДПМНЕ го претвора домувањето во извор на профит за странски фондови

Горан Наумовски

Мојсоска: Министре Алиу, болните од хемофилија чекаат на вашата милост да распишете тендер за лек

А1он

Апасиев: Левица стана снајперист за корумпираните – ќе и поднесе кривична на „антикорупционерката“ Цвета Ристовска

А1он

Левица: Манипулациите од типот „жена, мајка, крaлица“ не ја перат Дафина

А1он