Српскиот премиер се закани на професорите: Сите што одбиваат да предаваат повеќе нема да работат во образованието

Од:

Српскиот премиер се закани дека ќе ги отпушти сите професори кои учествуваат на протестите, додека студентите кои нема да посетуваат настава ќе добијат неоправдани часови.

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ денеска ја коментираше најавата за продолжување на протестите во средните училишта. Вучевиќ изјави „дека во училиштата ќе има второ полугодие и дека нема играње со такви работи, бидејќи државата нема да молчи, а оние професори кои нема да предаваат повеќе нема да работат во образованието“.

„Сите нека поведат сметка, а тие што не сакаат да заклучат оценките на децата нека водат сметка, просветниот инспекторат се ќе прегледа. Државата нема да молчи, нема да играме овде. Сакате да проверите дали државата е одлучна , јас ве советувам да не проверувате, но ако сакате, ќе видите дека државата ќе реагира. Не сакате да работите? Во ред, но има други професори кои сакаат“, рече Вучевиќ.

Вучевиќ додаде дека оние професори кои нема да предаваат повеќе нема да работат во образованието, а учениците кои нема да посетуваат настава ќе добиваат неоправдани изостаноци.

Има професори кои ги поддржуваат, па ги поддржуваат ли и децата кои сакаат да одат на настава. Ни се случуваат неверојатни работи“, заклучи Вучевиќ.

Би можело да ве интересира

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Грција

ВИДЕО: Масовниот убиец од Цетиње бил и помеѓу полицајците додека го барале

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Милановиќ со предупредување до Пленковиќ: Не се обидувај неуставно да ја преземеш командата на армијата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите брутално претепаа човек во Нови Сад

Предраг Петровиќ