Голманот Кристијан Абиати на саботниот натпревар со Сампдорија одигран во Милано, влезе во историјата на својот клуб Милан, како чувар на мрежата со најмногу настапи.
За Абиати тоа беше 331.ви натпревар со што го потисна на второто место Себастијано Роси.
36-годишниот Абиати на „Сан Сиро“ дојде од Монца пред 15 години. Освен во Милан има настапувано и за Јувентус, Торино и Атлетико Мадрид, а четири пати бранел и за италијанскиот национален тим.
На вечната листата на голмани со најмногу настапи за Милан по Абиати се наоѓаат Роси(330), Нелсон Дида (302), Лоренцо Буфон (300).