Петрушевски: СДС да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби, измислувањето приказни не им поминува

Од:

СДС да се извинат на граѓаните за криминалот на Груби, измислувањето приказни не им поминува. СДС со години знаеја за криминалот на Груби, во прва линија го дозволија, а потоа и му се приклучија, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– До последен ден од власта nа СДС и ДУИ, тиe беа соизвршители. СДС одеше на избори со надеж да направат влада и да продолжат да прават криминал со Груби. Во СДС ништо не е сменето, тоа се истите луѓе кои молчеа додека Груби крадеше. И сега наместо СДС да се извинат за криминалот кој го приредија, тие измислуваат секој ден нови приказни. Да не беше ВМРО-ДПМНЕ и одлучната акција против политичките криминалци во СДС и ДУИ, тие уште здружно ќе ја крадеа државата. Народот тоа го знае и го валоризира, а СДС и ДУИ со секој поминат ден стануваат се помаргинализирани, вели Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Одложено e денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува на 11 ноември

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел