Левица: Семејни кланови одземаат детски животи во Македонија

Од:

Клиниката за педијатрија е претворена во семеен клан, каде приоритетите се лични интереси, а не здравјето на децата. Левица неколку пати досега алармираше за ужасната состојба на оваа институција, за која и покрај нашите реакции во последните шест месеци за инволвираноста на семејството Мемеди, не е преземено ништо. Ова дополнително укажува на неспособноста на надлежните и потребата од итни промени во раководството на клиниката. Непотизмот и злоупотребата на јавната установа се директно поврзани со недостатокот на професионализам и одговорност кои денес доведуваат до трагични последици, велат од Левица.

– Последните шест месеци сведочиме на алармантен број на смртни случаи на деца во јавните здравствени установи во Република Македонија. На Клиниката за детски болести во Скопје починаа 5-годишно девојче со воспаление на мозокот, 14-месечно бебе кое неколку пати било враќано дома пред хоспитализацијата, и 7-месечно бебе кое подлегнало на инфекција. Во Прилеп, 8-месечно бебе почина за време на транспорт до Скопје. Во Гостивар, 4-месечно бебе беше донесено починато во локалната болница, по претходен престој во инкубатор.

Овие трагични случаи покажуваат очигледен недостаток на капацитети, организација и одговорност во здравствениот систем. Здравствените домови низ Македонија, наместо да бидат столбови на итната и интензивна медицинска грижа, се претворени во обични шалтери за препраќање кон Скопје, со што драгоценото време за спасување на животите се губи. Незаинтересираноста и нефункционалноста на јавните установи директно придонесуваат за зголемената смртност на децата. Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на смртност на новороденчиња и деца до 5 години пораснала за 15% во 2023 година во споредба со истиот период претходната година.

Министерот за здравство, Таравари, како прв одговорен за состојбите во здравствениот систем, досега не презел суштински чекори за надминување на овој проблем. Регионалните центри остануваат без соодветна медицинска опрема и кадар кој би можел да пружи итна помош на критичните случаи. Ова дополнително ја намалува довербата на граѓаните во здравствениот систем, принудувајќи ги родителите да бараат приватни услуги.

Според податоците на УНИЦЕФ, Македонија има втора највисока стапка на смртност кај новороденчињата во Европа. Време е за преземање политичка одговорност за системските пропусти кои директно влијаат врз смртноста на децата. Регионалните здравствени центри мора да се реформираат со обезбедување на современа опрема, зголемување на бројот на специјалисти и континуирана едукација за медицинскиот кадар. Дополнително, потребно е воведување на функционален систем за транспарентност преку редовно објавување на извештаи за смртноста во болниците и формирање независна комисија за испитување на причините за секој трагичен случај, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица