ВЛЕН: Американската црна листа јавно и јасно ја обелодени братската врска помеѓу Али Ахмети и Артан Груби со Никола Груевски и Сашо Мијалков

Од:

Коалицијата на Албански партии ВЛЕН најостро ја осудува реториката на предизвикување тензии и поларизација која продолжува да ја користи ДУИ, а која што за единствена цел има да ги прикрие огромните корупциски скандали на високите функционери на оваа партија, велат од ВЛЕН.

„Повиците на радикализација при секој нивен јавен настап почнувајќи од лидерот па се до најобичниот активист, соопштенијата со антагонистичка содржина и преполнети со етничка омраза, сценаријата за дестабилизација како што беше таканаречената „стража за јазикот„ која што се докажа како непостоечка кауза, не се ништо повеќе отколку очајни обиди на оваа корумпирана политичка структура до го прикрие срамот и компромитацијата со етнонационализам.

Ваквата реторика но и нивното анархистичко однесување се очигледно инспирирани од нивниот омилен политичар Никола Груевски кој во 2016 година одбиваше да отиде во опозиција и и се закануваше на државата со „Ноќ на долгите ножеви„ – озлогласената Хитлерова акција за елиминирање на сите негови политички противници.
Крајно разочарувачки е за домашната јавност, но особено за нашите стратешки меѓународни партнери – САД, НАТО, ЕУ, ОБСЕ, кога една политичка партија која од самото нејзино основање го промовираше помирувањето, стабилноста, надминувањето на поделбите и европската интеграција, денес е претворена во параполитичка организација која предизвикува конфликти, етничка нетрпеливост, непочитување на институциите и кршење на законите.

Прашуваме јавно: кое е вистинското лице на ДУИ? Она на умерените политики и на толеранцијата или ова денешното- на закани, омраза и целосна вообразеност поради губење на власта? Дали е ДУИ партијата која прокламираше дека „Македонија им припаѓа исто толку на Албанците колку и на Македонците„, или е ДУИ оваа
денешната која мрази, се противи и се обидува да гази врз било кој што се обидува да им даде до знаење дека и опозицијата има битна улога во демократските општества? Јавно прашуваме: Зарем не им е срам на довчерашните државни функционери, вклучувајќи еден бивш Премиер, бивш Министер за надворешни работи, бивш Министер за финансии и многу други функционери, кои нивните мандати ги потрошија на лично богатење наместо да го решат прашањето на Албанскиот јазик, денес бесрамно да урлаат за јазикот, нацијата и пролеаната крв? Коалицијата ВЛЕН ги повикува граѓаните да не западнат во замката на политички манипулации на ДУИ. Нивната единствена загриженост се однесува на обелоденувањето на огромната корупција на високите владини функционери.

Американската црна листа јавно и јасно ја обелодени братската врска помеѓу Али Ахмети и Артан Груби со Никола Груевски и Сашо Мијалков. Токму ова е вистинската причина зошто се вознемирени и преплашени функционерите на ДУИ. Часот на одговорноста наближува“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ВЛЕН: Груби треба да се држи што подалеку од студентите

ВЛЕН: Артан Груби ѝ направи ветинг на ДУИ!

Горан Наумовски

ДУИ бара да се испита изворот на богатството на политичарите во последните 30 години

Горан Наумовски

ДУИ: Време е за враќање на мандатот кај граѓаните

А1он

„ВРЕДИ“ за барањето на ДУИ за оставка од претседателот на Уставен: Прво да побараат оставки од своите членови