Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска им порача на Иранците дека еден ден нивната земја ќе биде слободна, пренесоа израелските медиуми.
„Заедно ќе го трансформираме Блискиот Исток во светилник на напредок и мир“, рече тој во видео-пораката до иранскиот народ.
Нетанјаху рече дека Израел сака мир со Иран и додаде дека знае дека тоа го сака и Иран, но Исламската Република спречува такво нешто.