Трамп е дециден, сака крај на војната во Појасот Газа

Од:

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека сака крај на војната во Појасот Газа и дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го знае тоа.

Трамп за магазинот „Тајм“ изјави дека го информирал Нетанјаху за неговата позиција во телефонски разговори за време на кампањата за претседателските избори во САД на 5 ноември.

Американски магазин во октомври објави дека Трамп му рекол на Нетанјаху за време на состанокот во јули во Флорида дека сака војната да заврши додека тој се врати во Белата куќа. Трамп ќе ја преземе функцијата претседател на САД на 20 јануари.

Израел претходно ги отфрли ваквите јавни повици на светските лидери, тврдејќи дека притисокот е неправедно насочен кон таа земја наместо кон палестинскиот Хамас, против кој води војна во Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Фараж со апел до Трамп: Путин не смее да победи

Путин: Трамп е сериозен во врска со Гренланд

Трамп воведе тарифи, паднаа акциите на автомобилските компании: Се огласија Канада, Јапонија и ЕУ

Катерина Ѓуровски

Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, меѓу цивилните жртви има и деца

(ВИДЕО) Стотици Палестинци протестираа во Газа против Хамас: „Одбиваме да умреме“

Убиени се двајца новинари во Газа