Ѓорѓиевски: Немам прецизна информација дали на Градот ќе му бидат одземени ингеренциите за ЈСП Скопје

Од:

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски нема прецизна информација дали Владата планира да му ги одземе ингеренциите на Град Скопје за јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје.

-Знам дека претседателот на Владата го изјави тоа. Знам дека размислуваат сериозно на таа тема затоа што ги засега сите скопјани и тоа не е единственото прашање кое во моментов предизвикува голгота за скопјани. Имаме проблем со Комуналната хигиена, со нефункционалноста на Паркови и зеленило, и за жал за првпат во историја со нефункционалноста на Водовод и канализација, посочи Ѓорѓиевски во одговор на новинарско прашање пред почетокот на Генералното собрание на ЗЕЛС.

Такво нешто, како што рече, досега не се случило во изминатите 30 години во државата.

-Како Управен одбор на ЗЕЛС, до крајот на оваа година ќе имаме состанок со Владата и со претседателот на Владата и верувам дека и ова прашање ќе го отвориме, ќе разговараме за тоа, но подетални информации поврзани со тоа немам, рече Ѓорѓиевски.

Прашан дали проблемите со донесувањето на буџетот на Град Скопје за 2025 година може да предизвикаат блокада и на останатите општини во градот, рече дека тоа прашање ќе се разгледа на денешното Генерално собрание на ЗЕЛС.

-Арсовска во принцип од моментот кога е променета од позицијата Претседател на ЗЕЛС многу ретко, да не речам и никогаш не учествува во работата и функционирањето на ЗЕЛС и тоа е нејзина одлука. Но, денеска е присутен претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески и секако дека ќе разговараме за тоа. Ќе барам од Славески да елаборира за состојбите и откако ќе ги добиеме сите релевантни информации соодветно ќе бидете информирани, рече Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Најголемата опасност за јакиве лидери е една жена сама наспроти сите нив

А1он

Поднесено обвинение за мажот кој ја навредуваше, па и се закануваше на Данела Арсовска

Кривичен одлучи: Напаѓачот на Данела Арсовска оди во притвор

Град Скопје: Единствена мисија која МВР на ВМРО ја имаат е да го штитат и бранат Висар Ганиу

А1он

Обвинителство отвори постапка против двајца осомничени за насилство врз Данела Арсовска

А1он

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он