СДСМ бара Обвинителство и ДКСК да кажат до каде се предметите за скандалот Христовски во АНБ

Од:

Додека гледаме како партиски инсталираниот Директор на киднапирана Агенција за национална безбедност, Бојан Христовски е назначен и за асистент на Факултет, за скандалот околу неговиот избор молчат и Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Доказите, фактите и аргументите кои се објавија и веќе се јавно достапни. Се оспоруваат условите за именување на Директор на АНБ, сомнежи има за работниот стаж, образованието, искуството и јазичниот сертификат од Бугарија од непостоечка агенција. Прашањето е дали воопшто ги исполнува условите да биде на оваа висока позиција. Како што јавно соопшти ДКСК предметот за Христовски е отворен на 22-ри октомври. Еве го сме декември, речиси два месеци поминаа а разрешница нема. Побара ли ДКСК од Просветниот инспекторат информации за факултетската диплома на Христовски од Универзитетот за менаџмент и туризам? Бидејќи законскиот рок од 15 дена за одговор е поминат јавноста очекува ДКСК да ги соопшти сите наоди и сите детали за овој скандал. Не сакаме да веруваме дека се прават обиди да се заташка овој случај. Јавното обвинителство пак на 1 ноември соопшти дека отворило предмет за Христовски. Помина повеќе од од еден месец, нема никаква информација. Да не треба некој како Мицкоски да ги прозива обвинителите дека добиваат главоболка, покачена температура, грчеви во стомак, дијареа? СДСМ бара од Јавното обвинителство и од Државната комисија за спречување на корупцијата да ја информираат јавноста за предметите за овој скандал, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Го поздравуваме непотпишувањето на указот за Законот за заштита на децата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ДПМНЕ со патолошки лаги за патот Страцин – Крива Паланка, но сликите не лажат

Гостиварец осомничен за силување 13-годишно девојче

(ВИДЕО) Бочварски: Експресниот пат Страцин – Крива Паланка е проект на СДСМ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Тандемот СДС и ДУИ ги наполни институциите со партиски кадри

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ правеа матни тендери во четири очи, го испокрадоа Буџетот