САД продолжуваат да бараат начини да ги намалат руските приходи од нафта, а намалената глобална побарувачка на нафта создава можност за дополнителни санкции, изјави денеска американскиот министер за финансии Џенет Јелен.
САД постојано ги заоструваат санкциите кон Русија поради војната во Украина, но Русија направи големи напори да ги намали транспортните трошоци и да го избегне западниот плафон на цената на нафтата, изјави таа за Блумберг.
Јелен рече дека општата цел на Вашингтон е да ја намали способноста на Русија да продолжи да води војна со преземање различни чекори, но од самиот почеток таа била фокусирана на приходите на Русија од нафта, објави Ројтерс.