САД: Русија би можела да ја употреби својата нова смртоносна балистичка ракета со среден дострел Орешник против Украина „во наредните денови“

Од:

Американските разузнавачи процениле дека Русија би можела да ја употреби својата нова смртоносна балистичка ракета со среден дострел Орешник против Украина „во наредните денови“.

Американските власти ја гледаат експерименталната ракета „Орешник“ повеќе како обид за заплашување отколку како менувач на играта на бојното поле во Украина, изјави американски функционер кој разговараше со агенцијата АП под услов да остане анонимен.

Официјалниот претставник рече дека Русија има само неколку проектили и дека тие носат помала боева глава од другите ракети што Русија редовно ги лансира кон Украина.

Русија првпат го испука ова оружје во ракетниот напад врз украинскиот град Днипро на 21 ноември. Надзорното видео од нападот покажува огромни огнени топки кои го пробиваат воздухот и удираат во земјата со неверојатна брзина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски