Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ да не шират лаги, Предлог-буџетот ќе го претставиме пред Советот

Од:

Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да не се шират лаги, манипулации и дезинформации во врска со расправата по однос на предлог буџетот за 2025 година и тоа од страна на неписмени и нестручни лица кои некако стигнале до микрофон и камера, велат од Град Скопје.

„Предлог-буџетот се доставува до Совет на општините седум дена пред расправата за истиот. Ова е предвидено со закон и важи за сите единици на локалната самоуправа. Согласно глупавата логика на анонимуси од ВМРО-ДПМНЕ без буџет за следната година ќе останат и во “мрак” ќе бидат и општините каде раководат кадрите на ВМРО ДПМНЕ кои исто до денес немаат доставено предлог буџети за 2025 година. Предлог-буџетот кој ќе го претставиме пред Советот е развоен и инвестициски, а граѓаните на градот Скопје ги повикуваме да не наседнуваат на лагите на анонимуси“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Од 15 институции надлежни за загадувањето, само ние реагираме

Катерина Ѓуровски

Арсовска со подароци кај првороденото бебе во 2025 година

Катерина Ѓуровски

Решението за опасната крстосница кај „Љубен Лапе“ заглавено во институционални лавиринти

Тодевски, Стојановски и Петковски се најдобрите полицаец, пожарникар и крводарител на град Скопје

Приватните превозници ќе добиваат надоместок по остварен километар

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година