ДУИ знаат како функционира Уставниот суд, само сакаат да профитираат како политички глодари, изјави премиерот

Од:

ДУИ точно знаат како функционира Уставниот суд и утре нема да се случи ништо, но целта им е, вели, да излезат пред јавноста и како политички глодари да кажат дека поради нивниот политички притисок се одложила одлуката за Законот за јазици, вели премиерот Христијан Мицкоски.

– Јас пред неколку дена на една иста ваква прес-конференција, чинам дека беше пред два дена, кажав дека на овие од ДУИ многу им е јасно како функционира Уставниот суд, бидејќи тие ги бираа судиите таму, во детали ги бираа судиите и буквално таму не можеше никој да биде уставен судија или каков било судија, доколку не го помине филтерот на ДУИ. Тие точно знаат дека за да дојдеме до конечно решение какво и да е, најпрво тој што е надлежен судија за овој случај треба да рапортира, да им објасни на своите колеги, потоа следи јавна дискусија, па јавна расправа, па подготвителна седница, така што тоа е процес којшто ќе трае со месеци, можеби и со години. Што беше нивната цел? Нивната цел е сега како политички глодари да начекаат и да видат дека еве сега знаеме како одат процедурите, ние ќе правиме политички притисок и кога нема ништо утре да се случи да излезат во јавноста, нормално тоа може да го прават само политички глодари, да излезат и да кажат – еве поради тоа што ние правевме притисок се одложи сето ова. Работите не Не функционираат така, а на нив им е многу јасно како функционираат работите, вели Мицкоски на новинарско прашање колку се веродостојни изјавите дека воопшто нема утре да се одлучува за евентуално укинување на употребата на албанскиот како службен јазик.

Тој, воедно, упати порака за смиреност до сите граѓани и да не дозволат да бидат злоупотребени.

-Затоа ги молам нашите сограѓани Албанци, Македонци, сите, да бидат смирени, целата работа е под контрола, се е под контрола, да не дозволиме да наседнуваме на провокациите на овие луѓе. Не ни е потребно. Тие луѓе завршија, на 8 мај беа поразени, имаме нова Влада која што точно знае што прави и кои чекори ги презема. Така што, ве молам за смиреност. Немојте да дозволите да бидете злоупотребени. Ништо нема да се случи утре. Така што, целата ситуација е под контрола. Тоа сакам да го испратам како порака, рече премиерот Мицкоски.

Запрашан дали ВМРО-ДПМНЕ стои зад иницијативата за уставноста на Законот за употреба на јазиците, која е една од точките за коишто утре ќе расправа Уставниот суд, Мицкоски посочи на ставот од Венецијанската комисија за неуставност на три члена од тој закон.

– Јас ќе ве потсетам дека Венецијанската комисија беше таа која што уште тогаш даде мислење за тие три члена дека се неуставни и дека треба да се променат. Венецијанската комисија е таа која што кажуваше, а ставот на партијата, мој личен итн. сте го чуле многу пати до сега така што нема потреба да го повторувам, посочи премиерот Мицкоски на новинарско прашање по потпишувањето на инвестицијата на швајцарската „ДМ Бау АГ“ заедно со менаџерскиот тим на компанијата.

Демократската унија за интеграција од завчера пред Уставниот суд, одржува т.н. „Стража на јазикот“ и бара Судот да ги отфрли поднесените 13 иницијативи за оспорување на одредби во Законот за употреба на јазиците. Од ДУИ нагласуваат дека укинување на која било одредба од Законот за употреба на јазиците не е само правен чин, туку директен удар врз стабилноста и мирот на државата.

Од Уставниот суд велат дека нема да коментираат ничии ставови поврзани со предметот за Законот за употреба на јазиците. Седницата на Судот на која ќе се дискутира за Законот за употреба на јазиците е закажана за утре, а по завршувањето на седницата ќе се одржи редовна прес-конференција на која ќе биде одговорено на сите прашања.

Предметот за Законот за јазиците е составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија, оформен е во 2019 година, а стана актуелен есенва по забелешките на Венецијанската комисија. Подносители на иницијативите за оспорување на одредби од Законот за употреба на јазиците се партиите ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Здружението „Светски македонски конгрес“, Солза Грчева, Тања Каракамишева Јовановска, Јове Кекеновски, како и Васко Лазескии, Ивана Митевска, Томе Тодоровски, Клементина Брзановска и Владимир Стефановски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски – Лајчак: ЕУ да се заложи поинтензивно за забрзување на интегративните процеси

Ахмети: Најмудрата одлука ќе биде да се отфрлат иницијативите за Законот за јазиците

Горан Наумовски

Костадиновски: Кога ќе го добијам пријателскиот совет од Венецијанската комисија веднаш ќе биде свикана подготвителната седница

Османи: Подготвителната седница е продолжување на процесот на укинување на Законот за јазиците

Катерина Ѓуровски

Уставен суд ќе одржи подготвителна седница за Законот за јазиците

Почна седницата на Уставен, отсутни судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари

Катерина Ѓуровски