ДКСК се уште постапува по пријавите за предметот за именувањето на директорот на АНБ

Од:

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) се уште постапува по пријавите во врска со предметот за именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност. На денешната седница членовите на ДКСК посочија дека се уште течат законските рокови за прибирање документација.

-Во однос на случајот за којшто прашувате, доставени се неколку пријави до ДКСК. Од страна на ДКСК поднесени се барања за прибирање на потребна документација за утврдување на фактичката состојба, за што се уште течат законските рокови за доставување на истата. По утврдување на фактичката состојба ќе биде донесена одлука на јавна седница на ДКСК, истакнаа од Антикорупциска во одговор на новинарско прашање.

ДКСК на 22-ри октомври отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност, откако до Антикорупциска пристигнала анонимна претставка во која пишувало дека тој наводно не ги исполнува условите за да биде директор.

Именувањето на Бојан Христовски за директор на институцијата задолжена за безбедноста и контраразузнавањето предизвика бројни реакции во јавноста.

Владата на седница на 16 октомври го разреши директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, а на негово место го именува Бојан Христовски.

Би можело да ве интересира

ДКСК: Работиме според законските надлежности, борбата против корупцијата останува непроменета

Горан Наумовски

Андоновски: Ова фрла дамка на ДКСК, но се надевам дека останатите членови успешно ќе продолжат да работат

Левица: Каков имот кријат функционерите на ДПМНЕ и зошто ДКСК не реагира

Предраг Петровиќ

Левица: Антикорупционерот Димитровска, избрана со максимум бодови од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – го олицетвори трулиот систем

Кривичен одлучи: Мерки за претпазливост за претседателката на ДКСК осомничена во предметот „Адитив“

Oбвинителството бара мерки за претседателката на ДКСК во рамки на предметот „Адитив“