Петрушевски: Апелираме граѓаните да не потпаѓаат на црните сценарија за етнички конфликти чија цел е заштита на личните и бизнис интереси, институциите ќe реагираат жестоко

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува брзата реакција на институциите во пронаоѓање и изведување пред правдата на групата насилници кои го сквернавеа Македонското знаме.

Не успеа планот на СДС и ДУИ за дестабилизација преку предизвикување на етнички конфликт, поради брзата реакција на институциите.

СДС и ДУИ мислеа дека со етнички провокации можат да наметнат теми во јавноста за поделби и конфликти, за да се смени фокусот од криминалите кои тие ги правеле и за кои следи одговорност.

Откако видоа дека планот за дестабилизација им пропадна, функционерите на СДС почнаа да ставаат Македонски знамиња на своите фејсбук профили, мислејќи дека народот има кратко паметење, и ќе заборави дека тие сменија Устав, знаме, име на држава.

И СДС и ДУИ сакаат преку создавање на етнички тензии да се спасат од одговорност за криминалот кој го правеле.

Граѓаните да останат смирени при евентуални други такви провокации за конфликти и внесување на раздор меѓу народот.

Институциите ќе делуваат, согласно закон и неселективно и ќе бидат поразени сите други вакви тенденции и планови.

Апелираме да не потпаѓаат и да влегуваат во сценаријата за етнички немири на СДС и ДУИ да знаат дека Според член 319 од Кривичниот законик, секој што со намера ќе поттикне раздор, нетрпеливост или омраза преку сквернавење или уништување на национални или верски симболи, ќе сноси кривична одговорност. Следи кривична одговорност за сите прекршители. Потребна е смиреност и разум.

Граѓаните да не бидат жртва на ваквите сценарија чиј единствен мотив е заштитата на бизнисите и криминалот на ДУИ и СДС, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет по предлог на Сиљановска-Давкова

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

На ГП „Блато“ лишен од слобода албански државјанин, се запалило и возило во колона, нема повредени

Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја