Лидер на картелот кој се занимавал со трговија со хероин меѓу Иран и Западна Европа е уапсен во меѓународна операција, соопшти денеска Европол.
Осомничениот, 57-годишен турски државјанин, кој е уапсен во Албанија, е поврзан со запленувањето на 703 килограми хероин во Хамбург, кој бил скриен во контејнерска пратка со сапун од Иран.
Тој ќе биде екстрадиран во Германија, каде што ќе се соочи со обвинение за организирање на големо количество на увоз на хероин во Западна Европа.