Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје

Од:

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, вечерва на социјалната мрежа „Х“ објави дека приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот и оти на потег е градоначалничката Данела Арсовска. Тој сподели документи: Барањето за мислење со предлог по иницијатива од член на Совет на Град Скопје за покачување на цената на услугата на приватните превозници ангажирани од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје и Иницијативата за отпочнување постапка за покачување на цената од членот на Советот на Град Скопје Горан Арсов.

– Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје, стои во објавата на Славески, што ја пренесува Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно денеска приватните превозници ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт откако и на денешната седница на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар.

Според информациите, иницијативата на приватните превозници била доставена вчера околу 15:30 часот до претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески. Тој на денешната седница информираше дека иницијативата била доставена доцна за да биде вклучена на седницата.

Од Град Скопје, пак, реагираа дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбиле да ја стават на дневен ред точката по барање на приватните превозници, со која тие бараат зголемување на надоместот за јавен превоз, сѐ со цел за да се продлабочи кризата и зголеми хаосот.

Би можело да ве интересира

Левица: Од милионски криминали до обвинение со максимум пет години – ДПМНЕ ја спушти “големата правда” за Груби и ДУИ на ниво на резил

Предраг Петровиќ

Две лица од Битола и Прилеп се уапсени поради предизвикување пожари

Шест активни пожари во Македонија, еден под контрола

Стоилковски: Филипче си ја злоупотреби внуката за јавно да лаже, во Гостивар никој не лажеше

Предраг Петровиќ

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

Во вторник ќе се прска против комарци во Скопје