Лидерот на ДУИ во посета на Брисел, Париз и Хаг

Од:

Во пресрет на објавувањето на Извештајот за напредокот на Македонија од ЕУ на 16 октомври и Декемврискиот самит на Унијата, претседателот на ДУИ Али Ахмети ќе продолжи со комбинираните домашни и меѓународни напори за да го поттикне интегративниот процес на Македонија во НАТО и ЕУ.

Следните 10 дена, како што информираат од ДИУ, Ахмети ќе ги посети Брисел, Париз и Хаг за да се врати во Бриж уште еднаш на крајот на посетата. Ахмети ќе го придружуваат вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими и неговиот шеф на Кабинет Артан Груби.

По повод посетата на Брисел, Ахмети во Центарот за студирање на европските политики ќе организира тркалезна маса за перспективите на Македонија.

Во Брисел, Ахмети ќе се сретне со европскиот комесар задолжен за проширување на Унијата Штефан Филе, директорот за Европа и Азија во надворешната служба на ЕУ Луиз Филипе Фернандез Де Ла Пења, политичките советници на претседателот на ЕУ Ван Ромпуј, европратеникот од десните партии Едуард Кукан, европратеникот од левите партии Ричард Ховит, кој истовремено е и известувач за Македонија во Европскиот Парламент.

Посетата ќе продолжи во Париз, каде Ахмети ќе ја посети претседателската резиденција во Елисејската палата и ќе има можност да се сретне со советникот за ЕУ и Балкан Фабиен Пеноне, да му се заблагодари на претседателот Оланд за неговите ставови во врска со спорот за името, како и да ја повика Франција уште поактивно да се вклучи во неговото решавање.

Ахмети ќе ја посети Холандија каде ќе се сретне со министерот за надворешни работи Франс Тимерман, а ќе реализира и други средби во Холандија, но и во Франција. На крај, Ахмети ќе се врати во Брисел за да се сретне со заменик генералниот секретар на НАТО Александар Вершбау со кого ќе разговара за итната потреба за зачленување на Македонија во НАТО и за потребата за поголема меѓународна ангажираност. Во Брисел, Ахмети ќе се сретне и со новоименуваниот генерален директор за проширување Кристиан Даниелсон, ќе приреди ручек за неколку постојани претставници на земјите членки на Европската Унија во Брисел.

Би можело да ве интересира

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

ДУИ: Вистината е дека Македонија сè повеќе тоне во изолација

ДУИ: Вработувањата во државните институции се одвива селективно

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

ДУИ: Во Министерството за спорт од 50 вработени, само четворица се Албанци

ДУИ: Албанците не се наивни и никогаш нема да прифатат да бидат предмет на „дигитален инженеринг“