Меџити: Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците

Од:

Никој не отворил такво прашање дека може без Албанците. Никој не го оспорува тоа, за да одговориме, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, прашан како ја коментира изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети од Швајцарија дека „без Албанците, ќе нема иднина за Македонија“.

Во однос на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за поддршка од повеќе земји членки на идејата за уставни измени со одложено дејство, и дали во Владата се разговара околу тоа, Меџити рече, дека тоа е потврда дека Владата е европски ориентирана и е во врвот на приоритетите.

– Секојдневно работиме во таа насока. Јас сум оптимист дека сме на прав пат, изјави Меџити, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на индустриската зона Визбегово.

Во однос на новоизбраното раководство на СДСМ, Меџити им посака успех со започнатите реформи и како што нагласи, „да се придржат до тоа што е својствено на нивните политики“.

– Од граѓански концепт, во последно време забегаа во националистички и тврди ставови, што мислам дека не им оди во прилог. Така да, посакувам да се вратат на своите определби и да придонесат во општеството, изјави Меџити.

Би можело да ве интересира

Меџити: Ќе изградиме модерно училиште за деца со посебни потреби

ДУИ: Меџити, наместо да преземе одговорност, се крие зад празни оправдувања и се обидува да измисли дежурни виновници

Во Трубарево поставена мерна станица за квалитетот на воздухот

ВИДЕО: Бујар Османи го повика Изет Меџити да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Меџити не чувствува одгoворност што се појави после полноќ кај пожарот во Трубарево, се чекаат резултати за тоа колку и со што е загаден воздухот

Воздухот во Скопје мирисаше на отров, а Меџити шеташе на партиски настан во Чаир, обвинува ДУИ