ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Од:

Невремето што вчера ја зафати земјава направи штети во неколку градови. Најмногу последици има во Битола каде пожарникарите и другите служби беа ангажирани во расичтување на паднатите дрвја, уранти те покриви и слични проблеми кои ги направи силниот ветер.

Ветерот и невремето оставија последици и во Штип како и во Охрид.

Центарот за управување со кризи ја пренесува информацијата од битолскитеп ожарникари кои интервенирле на десетици паднати дрјва и бандери како и откорнати покриви кои направија штети.

Регионалниот ЦУК Битола известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола во текот на денот имале голем број на интервенции што настанаа поради силното невреме (силен ветар над 60 км/ч) што го зафати Битолскиот регион во 14.30 часот. Според повиците за настаните примени преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 и во комуникација со командирот на ТППЕ Битола, Општина (ЕЛС) Битола во соработка со јавните претпријатија од Битола и ЕВН, вчера интервенира на повеќе локации, информира ЦУК.

Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарникарите од ТППЕ Охрид, во период од 17.20 до 19.45 часот со 2 ПП возила и 6 пожарникари, интервенирале на откачен лимен кров поради силниот ветар на ул. „Карпош Војвода“ во Општина Охрид.

РЦУК Штип известува дека ТППЕ Виница во период од 13.45 до 14.30 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари, интервенирале на паднато дрво и бандера како последица на силниот ветар во с. Истибања. Пожарникарите од ТППЕ Штип, во текот на денот повеќепати интервенирале во отстранување на паднати дрвја, откачена церада и на откорнати делови од покривни (кровни) конструкции на објекти како последица од силниот ветер на разни локации во градот Штип и неговата околина.

Невремето вчера го остави без струја дебарскиот регион.

Од УХМР денеска информираа дека од синоќа дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 километри на час). Засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот.

Би можело да ве интересира

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници