Четворица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Од:

Денеска околу 5.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово – Крива Паланка, во местото викано Ливаде, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фолксваген поло“ управувано од Ф.Д.(26) од Ранковце и патничко возило „фолксваген туран“ управувано од С.К.(39) од Куманово.

Во несреќата со тешки повреди се здобил Ф.Д., додека С.К. и сопатниците Ѓ.К.(57) и Н.Ѓ.(44) од Куманово се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Скопје – Блаце, повредени се шестмина косовски државјани

Пијан „возач“ без возачка дозвола излета од пат кај Кочани, едно лице е тешко повредено

Горан Наумовски

Шест повредени во невремето во Скопје примени во болницата „Св. Наум Охридски”

А1он

Трагедија во Германија: Возеше автомобил во погрешна лента, загинаа две лица

Горан Наумовски

Едно лице загина, а две лица се повредени во експлозија во Панчево

Тешка несреќа кај Обровац: Двајца мртви, уште двајца итно префрлени во болница