Германецот Мартин Хубер бил уапсен откако возел пијан со својот автомобил по железнички шини во подземна железница во Бохум.
Мартин Хубер (27) имал три пати повеќе алкохол во крвта од дозволеното, кога бил уапсен во Бохум отткако по враќањето од забава, ја следел железничката пруга и продолжил во подземниот дел на железницата во градот.
Хубер на полицајците им рекол дека немал намера да вози по подземната железница, но кога ја увидел својата грешка веќе било доцна.
Возачката дозвола на Хубер е одземена поради возење во пијана состојба, а неговиот автомобил Цитроен Ц1 од тунелот бил извлечен со воз.