Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Од:

Предлог Буџетот за 2025 година предложен од Владата во делот на МЗШВ е зголемен за 5% во однос на Буџетот од оваа година. Владата со Буџетот за 2025 година става акцент на земјоделието и неговата модернизација, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– Во 2025 година се предвидува реализација на инвестиции и проекти од областа на водостопанството, како што се изградба на: брана Конско, изградба на брана на Оризарска Река и ХМС Равен – Речица, Полог. Се предвидува рехабилитација и изградба на четири системи за наводнување во рамки на речниот слив на Вардар ХС Лисиче, ХС Конско, ХС Пепелиште и ХС Јужен Вардар. Владата ќе продолжи со исплаќање на заостанатите субвенции од време на СДС во наредниот период, а од до година субвенциите правовремено ќе завршуваат на сметка на земјоделците, рече Левков.

Би можело да ве интересира

Лефков ги демантира пишувањата на медиуми во Бугарија дека повеќе членови од неговото семејство поседуваат бугарски пасоши

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси

Од локално до европско – Лидл отвора нови можности за македонското земјоделство

A1on

Тренчевска: Срамно и бедно е Лефков да тврди дека со закон за помош на семејствата во Кочани се рушел правниот поредок

(ВИДЕО) Лефков: СДС брани корумпирано обвинителство и судство

(ВИДЕО) Лефков: Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спаси возачот убиец од затвор

А1он